Заев: Канабисот ќе носи 250 милиони евра годишно, го намалува криминалот, лекува многу болести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легализацијата на марихуаната и декриминализацијата на канабисот за медицинска употреба е најавата на премиерот Зоран Заев која треба се спроведе по отворените јавни дебати.

„Имаме издадено 60 лиценци, тоа значи 60 компании веќе произведуваат канабис за медицински потреби и помал дел се извезува. Нам ни е целта да имаме европски сертификати и целото производство што се произведува, покрај за домашни потреби во медицината, да оди и во светот. Светот се повеќе и повеќе го користи медицинскиот канабис и тоа за болести кои се секојдневние“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Н1 телевизија.

Тој додава дека употребата во светот е се повеќе на позитивната листа на лекови, во Канада, Чешка и држави од САД остваруваат вкупен приход поголем од 55 милијарди долари годишно само од медицински канабис, а во некои земји е и легализиран канабисот.