Заев: Кривични пријави за компаниите кои ја злоупотребиле помошта од Владата за справување со Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По прашање од ТВ21 за тоа дали обвинителството ќе ги гони компаниите коишто не исплатиле плати по добивање на државните субвенции, актуелниот премиер Зоран Заев во гостување на Националниот сервис истакна дека компаниите што не исплатиле плати добиле кривични пријави.

„Со самото објавување јавно кој не ги исплатиле платите, а земале помош од државата, 30 посто веднаш исплатија, некои 70 проценти во тој момент добија кривична пријава. Сите како список директно се пријавени до Јавното обвинителство. Законот или уредбата со законска сила е многу децидна внатре тоа злоупотреба на јавни пари. Парите се даваат за конкретна намена тоа е плата на работниците во таков случај сите кривично имаат добиено, понатаму обвинителство ќе ги гони до крај“, посочи Заев.

Заев: Кривични пријави за компаниите кои ја злоупотребиле помошта од Владата за справување со Ковид-19

Заев: Кривични пријави за компаниите кои ја злоупотребиле помошта од Владата за справување со Ковид-19

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 10. September 2020