Заев: Не е играње мајтап, го принудивме да се пријави и да не се обидува да се крие или да бега

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ

До денеска до 16 часот, само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за нов мандат како претседател...

Левица со протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија

Партијата Левица упати протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија. Причината е поради одредена затворска казна за раперот Паоло...

Филипче: Состојбата со доктор Јота е стабилна во моментов

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти состојбата со дигестивниот хирург, доктор Ѓорѓи Јота. Тој...

Маричиќ: Голем ден за правната држава и владеењето на правото

Ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го...

Една година од првиот случај со коронавирус, од тогаш 90.685 позитивни пациенти, 3.111 починале

Помина една година од првиот регистриран случај со Ковид 19 во Северна Македонија. Првата заразена пациентка беше 50 годишна...

„Институциите чукнаа на маса денеска и постапија“, рече Заев по пријавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството.

Премиерот Заев рече дека институциите покажале капацитет. Иако не го нашле тие, сепак, го принудиле самиот да се пријави.

„Институциите не го најдоа, но затоа нападнаа по неговите блиски и имот. Потоа тој самиот се пријави во Обвинителството, откако претходно дојдоа адвокатите“, рече Заев.

На новинарско прашање дали е ова играње мајтап на Мијалков со државата, Заев рече:

„Не е играње мајтап, туку принуда да се пријави и да не се обидува да се крие или да се бега. Институциите си постапија. Да не се заборави дека ние сме слободна држава и првата и слободите се загарантирани за секого, се додека не се покаже спротивното“, рече Заев.

Заев кажа дека проблемот е што избега Груевски, но напомена дека системот е веќе поподготвен и овој пат не дозволиле да избега и Мијалков.