Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека нема ништо против датумот на изборите да биде 17-ти октомври. Како што кажа премиерот, претходно кажал 31-ви октомври, поради поклопување со пописот, но дека доколку сите се согласат, може да биде и 17-ти октомври.
„Треба да ја прашаме и опозицијата која треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако каже опозицијата 17-ти, и ако сите се согласат, тогаш ние сме океј. Следнито викенд е 24-ти, и 31-ви, тие се опциите за октомври“, изјави Заев.
