Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска на прес конференција, по новинарско прашање, истакна дека од 61 компанија која работи со одгледување на канабис за медицински цели, само една била во сопственост на неговата фамилија.
Тој посочи дека се работи за негов братучед.
„Сите останати 60 се на другите инвеститори во државава, домашни и странски кои што ги има. Во еден наврат мојот братучед и јавно кажа да ја затвори компанијата ако е пречка за сите други 60, но во сите овие македонски компании работат наши граѓани. Платата е меѓу 700 – 1500 евра, зборувам за средно образование“, порача Заев.
