Премиерот Зоран Заев денеска по повод празникот 11 Октомври – Денот на востанието, се обрати од Куманово, од пред Спомен Костурницата. Тој им го честиташе празникот на сите граѓани, истакнувајќи дека на овој ден Куманово и Прилеп презедоа акции за остварување на сонот – државност.
„Денеска стоиме тука во Куманово , горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци. Благодарејќи на овој самопрегор Македонија е самостојна држава и нашето место во ООН е потврда за македонскиот јазик и идентитет“, истакна Заев.
„Нашиот повик е да обезбедиме просперитетна држава во која младите ќе останат во својата земја. Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија. Нашата држава е ценет и почитуван партнер , пример за регионот“, изјави Заев кој додаде дека членството во НАТО ја редефинираше нашата улога во активна безбедносна арена.
Заев испрати порака до сите во борбата со Ковид-19, да се почитуваат мерките, и со сите антикризни мерки се чува секое работно место и економијата.
Исто така Заев истакна дека се соочуваме со битка против лажните вести, и ја повика опозицијата на државничко однесување.
