Заев од маршот „Чекориме за правда“: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се целосно поразени на тема „правда“

НАЈНОВИ ВЕСТИ


На вечерашното обраќање на маршот „Чекориме до правда“ претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека треба да се искористи позитивниот момент со носењето на Законот за јавно обвинителство и судиите да се охрабрат и да носат одлуки без да подлегнуваат на притисоци.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се целосно поразени на тема правда. И вчера целата јавност тоа го виде. Успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство и ве повикувам со огромен аплауз да им се заблагодариме и да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент. Затоа почитувани сограѓани, треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекуваат правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија“ порача Заев.