Заев откри дека Александар Верушевски го снимал на разговорите кои неодамна се појавија во јавноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев откри кој го снимал на „бомбите“ кои неодамна се појавија во јавноста. Се слуша дека Заев зборува со соговорник за разни теми, а денеска откри дека бил снимен од страна на Александар Верушевски

„Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Јас сум близок со неговото семејство, но ете така одлучил мојот пријател и така направил.“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Александар Верушевски е син на Зоран Верушевски, советник за национална безбедност во Владата.