Претседателот на Владата Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата посветена на првите 100 дена Влада, истакна дека клучна причина поради која екс вицепремиерот Владимир Пешевски и екс министерот за финансии Кирил Миновски се повлекле од учеството во платформата „За Македонија со љубов“ која беше промовирана од вицепремиерот Фатмир Битиќи, биле критиките од јавноста.
Тој вели дека Битиќи започнал постапка на разговори
Тој објасни дека вицепремиерот Битиќи почнал постапка на разговори со консултанти, но не со платени нови советници или функционери, туку консултации со огромна група граѓани, преку 20, 50, стотина, со конечна цел да се соберат информации од сите страни за да се создаде национална економска стратегија.
„Голем дел овде се луѓе и од опозицијата, двајцата споменати се повлекоа под критики на јавноста, тој се повлече. Сакам да ги потврдам принципите. Често разговарам и јас со Мицкоски, за кој мислам дека е подеднакво инволвиран, виновен во глупости од тој период 2006 до 2016 година. Но, седнуваме и разговараме на вакви теми. Тоа не значи дека некој е член на Влада, учествува во советник во кабинет на некој министер, потпретседател на Влада или слично. Но, затоа сме транспарентна влада, веднаш реагираме и така соодветно реагираше потпретседателот на Владата, Битиќи“, порача Заев.
