Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави сет економски мерки кои ќе бидат поднесени во Владата за нивно разгледување и усвојување.
Тој на прес конференцијата истакна дека вработените во приватните фирми кои се погодени од кризата ќе добијат минимална плата за април и мај која ќе биде обезбедена од државата.
„За сите приватни фирми погодени од кризата Владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен – 14.500 денари минимална плата од декември минатата година и тоа за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плата како и персоналниот данок. Останува право на фирмата доколку може да даде и поголема плата од минималната за своите вработени“, објасни Заев.
