За српски „Курир“, премиерот Зоран Заев раскажуваше за животната приказна. Тој за српскиот медиум раскажа дека продавал овошје и зеленчук, односно лубеници, домати и пиперки на пазарот во Горњи Милановац и дека првите милиони му се токму од Србија.
„Првата голема заработувачка 2,4 милиони марки е од црвени пиперки кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргош за производство на сушен црвен пипер. Во Суботица во 2001 година преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. И падна договор, профитот беше 2,4 милиони марки. Со тие пари купивме циглана“, рече Заев.
Тој додаде дека капиталот бил создаден на пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.
„И син ми и ќерка ми знаат дека капиталот е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, истакнал тој.
