Според информации на ТВ21 и натаму продолжуваат консултациите со политичките партии по најавата за оставка на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Од Собранието кратко информираат дека до нив нема пристигнато оставка.
Синоќа во Влада имаше средба меѓу Заев и останатите лидери од неговата коалиција, по што во изјва за медиумите рекоа дека не се согласни со одлуката за оставка.
Оставката Заев ја соопшти во неделата откако ги загуби локалните избори.
Доколку оставката ја поднесе Заев до Собранието, претседателот на Собранието Талат Џафери е должен да го извести претседателот на државата Стево Пендаровски кој пак веќе најави дека мандатот во пропишаниот рок ќе го додели на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието.
Потоа, треба да се состави програма и нов владин кабинет и како предлог Влада да се достави на избор во Собранието.
Една од кризите за која стравуваат пратениците дека може да се случи е недонесениот буџет за следната година.
Повеќе на оваа тема донесуваме во вестите во 19.30 и 23.00 на ТВ21.
