Заев: Сејдини не ми дозволи да се сретнам со играчите – ФФМ: Да ги почитуваме протоколите на УЕФА за да не бидеме казнети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалската федерација на Македонија изрази благодарност до сите кои сакаат да се сретнат со фудбалерите од македонската репрезентација и да им посакаат успех на ЕУРО 2020, но велат дека согласно протоколите на УЕФА не се во можност да организираат каков било прием за поединци или лица од државни институции . Токму поради тоа, синоќа во емисијата „Клан Дебата“ премиерот Зоран Заев се пожали дека сака, но дека ФФМ не му дозволува да се сретне со репрезентативците.

ФФМ излезе со официјално соопштение, во кое пишува дека репрезентацијата треба да избегне секаков вид контакт со кое било лице надвор од екипата со цел да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен.

„Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозат учеството на тимот во завршниот турнир“, велат од ФФМ.

Во интервјуто, премиерот Заев нагласи дека и ФФМ, како и сите други спортски федерации треба да го прилагоди статусот на федерацијата согласно Законот за спорт.