Заев: Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, станува збор за контејнери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска, на новинарско прашање околу начинот на изградба на модуларната болница во Тетово, истакна дека ваквиот вид на болница не се поставуваат со дозвола туку со решение за поставување.

„Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници. Овде имаме времени модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола“, посочи Заев.

Премиерот додава дека со слична постапка се поставуваат и масите пред кафулиња.

На новинарско прашање околу отворена кутија за струја во близина на модуларната болница, Заев вели дека можеби била отворена од граѓанин, или пак некој од работниците ја оставил, а потоа додава „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме?“