Заев сведочеше за „Монстум“ – Ивановска: Заев не кажа ништо конкретно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во времето кога беше во опозиција Зоран Заев ветуваше дека со објавувањето на бомбите за Монструм ќе се открие вистината за петкратното убиство кај Смилковското езеро. На предлог на семејствата на жртвите, Заев дојде денеска во Суд. Тој рече дека сите прислушувани материјали за Монструм кои ги слушнал и тој самиот, ги доставил во Обвинителство со цел да се открие вистината, бидејќи како што додаде, од тоа што го слушнал од бомбите, случајот не е доволно јасен. Заев денеска не кажа дали обвинетите се невини или не. Иако такво нешто кажал во минатото, тој денеска рече дека не е експерт и дека тоа треба да го потврди судот.

Заев рече дека останува на сето тоа што го кажал до сега, а родителите на жртвите рекоа дека Заев е целосно несериозен во своите изјави. На Заев му постави прашања и адвокатот на одбраната, Насер Рауфи, дали се сеќава кога  рекол дека советникот на претседателот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски е автор на случајот Монструм. Заев рече дека се сеќава на средбата, но не се сеќава дека рекол такво нешто. Адвокатката на оштетените Дафина Ивановска рече дека сведочењето на Заев не открива ништо ново за случајот.

Заев беше прашан за Агим Исмаиловиќ и Алил Демири кои се во бегство, дали тој направил нешто од тој аспект. Екс министерот одговори дека на официјалните средби,  екс премиерот на Косово, Рамуш Харадинај  ветил дека таквото барање ќе го процесира Министерството за правда на Косово.