Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајан во понеделник ќе се сретне со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.
Оваа вест ја потврди портпаролот на Комисијата кој истакна дека во понеделик следната недела, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе го прими премиерот на РСМ, Зоран Заев.
Фокусот на средбата ќе биде за тоа дали раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија на патот кон отпочнување на преговори со Европската Унија е реално сценарио.
