Претседателот на Владата, Зоран Заев на својот Фејсук профил пишува дека на денешната седница на Владата била прифатена иницијативата за денот недела да биде прогласен за неработен ден.
„Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден! Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, посочува Заев.
