Заев за „Монструм“: Тоа е работа на судот, Заев за Мијалков: Јас ја координирав акцијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците-Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди вчера го праша премиерот Заев: Зошто не се објавуваат најавените „бомби“ и зошто не се обелоденува вистината? Премиерот одговори дека тоа не е негова работа, туку на обвинителствто и судството.

-Правосудниот систем е тој којшто ги носи и носи одлуките. Зошто таа година кога бевте со мене н напрвивте нешто? Бидејќи не е наша работа. Ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавното обвинителство и на суд-рече ЗАев.

Пред само два дена кога Сашо Мијалков се појави во Обвинителството премиерот изјави дека тој ја координирал акцијата.

-Институциите на Владата предводени од мене во координација со правосудните органи спроведовме акција со детални постапки. Беа превземени сите редовни и вонредни мерки. Со акцијата координирав јас, и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор освен да го стори она што беше незбежна опција-рече Заев.

Аналитичарот Петар Арсовски смета дека е вообичаено институциите да се координираат при една кризна состојба каква што беше бегството на Мијалков. А дали имало мешање на ингеренциите допрва треба да се истражува.

-Во овој момент не можеме со сигурност да претпоставиме дали таму имало мешање на ингеренции или не, бидејќи се работеше за висока криза. Допрва во наредниот период треба да се провери дали таму имало непринципиелност.Немам проценка зошто не се обелоденети “бомбите“ во случајот „Монструм“ и дали такви има или не.Доколку има такви материјали треба да бидат доставени до институциите или на увид на јавноста-вели Арсовски.

Во случајот „Монструм“ премиерот вели дека не се мешал дека тоа не е негова работа. А во случајот со Сашо Мијалков координирал. Па, се поставува прашањето дали можеби е селективен премиерот во кои предмети ќе се вклучи за разврска ? Тој дури и најави дека правдата ќе ја има повеќе и почесто, иако рече дека тоа е работа на судството.