Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт.
Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, но јас како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направиме сѐ да не дозволиме да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот.
„Поривот којшто го гледам од страна на опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат можност да тргнеме со работа, без да видат колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација зошто не се власт. Од тука произлегува целиот тој порив и сега ќе протестираме“, посочи Заев.
