Заев за ТВ21: Денеска средба со Али Ахмети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 истакна дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додаде дека средбата ќе биде попладне во Владата.

Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја презеде Владата на Заев, за разговорите со помалите коалициони партнери за очекуваните кадровски рокади во новата Влада, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија.

Оваа средба доаѓа по оставката на Зоран Заев и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претходно, Ахмети истакна дека не се согласува со одлуката Заев да се повлече од функцијата, односно не може да се повлече кога Македонија е пред сериозни предизвици.