Единствен кој го предложи 14 јуни како датум за избори е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Нивниот предлог беше поддржан од неговиот коалиционен партнер Биљал Касами, лидер на Движење Беса. Другите партиски лидери не дадоа конкретен датум кога би сакале да се одржат изборите. Се договориле за тоа да го слушнат мислењето на здравствените експерти.
Контактиран денеска од ТВ21, Заев потврди дека освен 14 јуни СДСМ е подготвена да разговара за датум и да се постигне договор, почитувајќи ги роковите. Но кои се другите опции кои површно вчера и спомна Заев?
„За другите опции зборувавме во објаснувањето на правните последици од завршување на вонредната состојба. Ако се даде уште 30 дена вонредна состојба (до 17 јуни) тогаш изборите ќе бидат на 7-ми јули. Ако нема продолжување на вонредната состојба и заврши на 17-ти мај тогаш изборите ќе бидат на 8 јуни. Ако се продолжи вонредната состојба за 2 седмици тогаш изборите ќе бидат на 22 јуни. Ако се продолжи вонредната состојба за плус една седмица тогаш изборуте ќе бидат на 14 јуни. Зборувајќи за тоа кои ни се уставните и законски опции за изборите ова го констатиравме“, истакна Заев за ТВ21.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ без конкретен став. Лидерот Христијан Мицкоски очекува Комисијата за заразни болести да излезе со став кога е најмала опасноста за ширење на вирусот и времето што и е потребно на ДИК да се подготви за избори. Затоа рече дека не сака да се наддава со датуми.
Но доколку Мицкоски не лицитира со датуми велејќи дека над се е здравјето на граѓаните, тој пред не помалку од една недела даде свој предлог за избори.
Конкретен датум не дада ниту коалиционите партнери АА и Алтернатива, а Зијадин Села само ги потврди тврдењата на експертите дека ширењето на вирусот е најмало на високи температури. Овие две партии начелно се изјаснија на јули како можен период за избори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прашањето дали може да се одржат избори во текот на јуни, рече дека проценките за тоа прашање треба да ги дадат експертите по здравство. Лидерот на Беса, Биљал Касами вчера потсети дека Севера Македонија нема како да избегне избори подоцна од декември, тогаш кога поминуваат точно 4 години од последните парламентарни избори.
