Откако закажа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот Зоран Заев денеска кажа дека во текот на идната седмица ќе оствари средба и со Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Премиерот го потврди ова за ТВ21.
„Да, ќе се сретнам и со Алијанса за Албанците и Алтернатива следната седмица за да разговараме за решение на проблемот за граѓаните кои немаат државјанство“, рече Заев.
Вчера лидерот на Алтернатива Африм Гаши, го прозва Заев за средбата со Мицкоски.
„Зоран Заев, од кога моноетнички средби за државни работи? А што би рекол да удриме и ние една албанска средба?! Кај нѐ води тоа?! Се откажа ли од “едно општество” или пак во тој слоган ти фалел еден збор – “едно македонско општество”?“, напиша Гаши на „Фејсбук“.
