Заев: Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На твитер профилот премиерот Зоран Заев денес се огласи и истакна дека со загриженост ги следи случувањата во Израел, тој додаде дека не смее да има толеранција за напади врз цивили на ниту една страна.

„Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение“, напиша Заев на твитер.