Загадено во Кичево, Битола и Охрид – ПМ10 честичките во воздухот над 300 МГ/М3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кичево, Битола и Охрид се градовите со највисоко ниво на загаденост на воздухот вчера, покажуваат станиците за мерење на квалитетот на воздухот. Во овие градови деновиве има највисока концентрација на ПМ10 честичките, а во два од нив од неодамна без прекин работат и двете термоцентрали „Осломеј“ и „Битола“.

-Ова зад мене е мерна станица која се наоѓа во Кичево. Оваа станица за мерење на загаденоста на воздухот покажа дека во текот на вчерашниот ден во Кичево ПМ10 честичките биле 200 mg/m3. Ова значи дека ПМ10 честички во воздухот се четирипати повисоки од дозволената количина од 50mg/m3-вели репортерката на ТВ21, Салије Садику.

И денеска на прво место по најзагаден воздух се најде Кичево, а по него и Битола, но со благо намалување на ПМ10 честичките.

На светско ниво, пак, Македонија веќе неколку години е рангирана меѓу земјите со најзагаден воздух.

Годинава остануваме на 12-тото место, а првото пак, му припадна на Пакистан, по што следуваат Индија, Бангладеш, и други.

Аерозагадувањето во земјава, особено во зимскиот период, претставува голем проблем.
Досега не се преземени конкретни мерки од надлежните институции, освен повикот до жителите да не палат материјали кои го загадуваат воздухот.