Загадувањето проблем во време на епидемија, маски како заштита од загаден воздух, но и вирусите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Енормното загадување на воздухот може да претставува дополнителен проблем за заразените со Ковид-19. Директорот на Пулмологија, Дејан Докиќ вели дека загадениот воздух овозможува полесен влез на вирусите во организмот со што се влошува клиничката слика. Апелира граѓаните да носат маски за да се заштитат од загадениот воздух и вирусните инфекции.

„Секако дека влијае аерозагадувањето негативно кај луѓето кои се позитивни на Ковид 19. Меѓутоа јас би апелирал дотолку се носат Н95 маски кои ќе ги штитат од било кои вирусни инфекции исто така имаат протективно дејство против аерозагадувачите“, вели Докиќ.

Загадениот воздух посебно влијае кај лицата со хронични болести. Лицата со асма често пати кога има енормно аерозагадување имаат и асматични напади.

„Аерозагадувањето кај пациентите кои имаат хронични болести на респираторниот тракт секако дека предизвикуваат потешки последици. Кај пациентите кои што имаат астма може да настане влошување на астамата и да добијат асмтичен напад. Негативно аерозагадувањето влијае на пациенти со хронична белодробна болест, каде исто така го влошува дишењето. Пациентите не можат долго да одат бидејќи се заморуваат.“, рече Докиќ.

И министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека загадувањето е непријатно, а предизвикувачи, според него, се домаќинствата кои користат тешки горива или масло за греење.

„За жал да, имав непријатно искуство да вдишам загаден воздух и прашањето е што ќе направиме ние во врска со тоа и зошто се случува тоа. Имаме неколку начини за греење. Некои користат тешки горива и масло за греење, кој за жал го загадува воздухот.“, рече Нуредини.

Нуредини додава дека Министерството со кое раководи направило неколку локални и меѓународни истражувања и сите потврдиле дека најголем загадувач е греењето. Освен тоа, истакна дека автомобилите и индустријата влијаат врз енормното аерозагадување.