Фризер. Кандидат за советник и градоначалник. Имал 74 години. Поседувал автомобил марка Цитроен и важел за угледен жител на Велес. На 24 ноември неговата ќерка го пријавува за исчезнат, откако не успеала да стапи во контакт со него два дена. Ја обиваат вратата од куќата на Панче, а внатре наоѓаат греалка која била вклучена, ташна во која недостасувале лична карта и платежни картици. Полицијата веднаш започнува да трага по Панче Жежовски.
На 27-ми ноември, прво мајката, а потоа и таткото во полициска станица пријавуваат дека е исчезната нивната ќерка Вања Ѓорчевска. Полицијата и двата случаи ги води посебно, бидејќи немало докази, траги ниту сомнежи дека случајот во Велес и Скопје се на било како начин поврзани. Родителите на Вања кои се разведени, не навеле во пријавите дека имаат закани, уцени или сомнежи за исчезнувањето на нивната ќерка. Полицијата седум дена трага по Вања. Не успева да најде докази, но наоѓа опожарен автомобил кој бил во сопстеност на пензионерот од Велес. Поради нерасчистени односи со еден од осомничените, тој бил убиен, а неговото возило „цитроен“ било одземено и потоа употребено при грабнувањето на девојчето.
„Ние колата на Сејф Сити ја наоѓаме на 27-ми дека се движи во Скопје. Таа не се двжи од 22-ри до 27-ми. Таа се движи на 27-ми во Скопје кога се утврдува дека возилото цитроен и возило Рено Канго кои се движат заедно и тука доаѓа до спојувањето на активностите две. Затоа што се утврди дека тој цитроен е запалениот кој се наоѓа непоредно во близина на Скопје, тоа е причината за поврзувањето“, порача Оливер Спасовски.
Утрото на 27-ми. Убијците со автомобил ја чекале Вања пред влезот. Од тетко ѝ биле информирани дека таа тој ден сама ќе оди на училиште, а го знаеле и точното време.
„Во влезот од зградата го земаат и практично ставено е со врзани раце и нозе во една вреќа за спиење и го ставаат во гепекот од возилото. Пред возилото Цитроен се наоѓа возилото Рено Канго кое цело време се движи пред нив и е однесено надвор од Скопје. Според сведоците таму е извршено убиството и потоа е запалено возилото“, вели Оливер Спасовски.
„Ова се остатоците од автомобилот марка Цитроен во сопственот на велешанецот Панчо Жежовски кој бил користен за киднапирање на 14 годишната Вања. Откако била убиена на ова место е опожарен“, вели репортерот на ТВ21.
Заднината на случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна пред 7 дена, а вчера беше пронајдена мртва, била да се изнудат пари од мајката на Вања, бил вмешан и член на семејството, а организаторот на сето тоа е и извршител на убиството.
Жртвите откако биле убиени биле закопани. Локацијата каде што е пронајдено телото на Вања се уште го обезбедува полиција и пристапот е забранет. Полицијата го има блокирано патот, а поради истрагата нема да го откриеме местото на кое била ископана дупката.
Телма телевизија објави снимка од локацијата каде што било пронајдено и телото на велешанецот, таму според информациите на телевизијата во моментов нема полициски единици и може да се пристапи до него.
Сите членови на групата се од една политичка партија кај која синоќа беше извршен претрес, а од обвинителството на прашање на ТВ21 велат дека ќе се проверува дали претходно групата има извршено и други убиства.
