Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји. 

Загреб е затрупан со снег доцна попладнето, а метеоролозите очекуваат снегот да паѓа до раните утрински часови. 

Од Хрватски автопатишта (ХАЦ) испратија предупредување до возачите да го прилагодат возењето на сложените услови на патиштата, а особено препорачуваат да не ги претекнуваат машините за чистење снег пред кои секогаш патот е неисчистен.

„Возачите го потценуваат ваквото време. Многу е опасно да се вози по снежен коловоз, треба да се прилагоди брзината и да се успори. Треба да се следи сигнализацијата. Возачите нека избегнуваат вакви опасни ситуации. Ако на динамичнаѕа сигнализација пишува ограничување од 60 км/ч, треба да се држите до ограничувањето. Ние ја следиме ситуацијата во сообраќајот и ја прилагодуваме сигнализацијата“, вели Валентин Црљенко, од ХАЦ.