Захариева: Беше огромна чест да ја претставувам Бугарија, секогаш ги штитев националните интереси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за надворешни работи во заминување Екатерина Захариева, на својот „Фејсбук“ се заблагодари за соработката и честа четири години да биде министерка во Владата на Бугарија.

„Беше голема чест и задоволство да ја преставувам мојата татковина во изминатите четири години. Секогаш ги штитев националните интереси и суверенитетот, секогаш кога биле загрозени или нарушени, затоа што нема ништо поважно од тоа“, напиша меѓу другото Захариева.

Захариева беше една од клучните политичари за решавање на спорот на Македонија со Бугарија, спор кој не успеа да се реши за време на нејзиниот мандат, и поради кој Северна Македонија не доби почеток на преговорите со ЕУ.

Беше огромна отговорност и чест да представлявам страната си през тези 4 години.
В настоящия свят този период от време е…

Posted by Екатерина Захариева on Wednesday, May 12, 2021