Захариева за спорот со Македонија: Има чекор назад во односите, наместо голем напредок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова не е прв пат да има сигнали од премиерот дека е подготвен на компромис без РСМ да направи нешто. Тој побара советодавна седница без да информира никого дали има некаков напредок кој може да се исполни и сака да ја пренесе одговорноста на претседателот на парламентот“.

Ова за бугарска Нова го изјави поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ Екатерина Захариева.

Според неа, од потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, секогаш имало заеднички иницијативи и прослави. 

„Неговата имплементација е блиску до 0 од страна на РСМ. Има чекор назад во односите, наместо голем напредок. Не гледаме потреба да се свика седница за Македонија, но ако има, веројатно ќе учествуваме“, кажа таа.