Захарова: Киев и ЕУ не сакаат продолжување на дијалогот и праведен мир во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинските власти, заедно со ЕУ, се залагаат за вооружување и продолжување на конфликтот, наместо дијалог, објави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Киев е подготвен буквално на сè за да го спречи постигнувањето на праведен мир во Украина“, изјави таа на прес-конференција, пренесува Спутник.

Според нејзините тврдења, „режимот во Киев ги интензивира своите напади во моментот кога се во тек преговорите“.