Закана за терористички напади на натпреварите во Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воочи овонеделните 1/4 финални натпревари во Лигата на шампионите, медиумите кои ја поддржуваат Исламската држава, објавија закани дека ќе бидат извршени напади на градовите домаќини.

Европската фудбалска унија УЕФА соопшти дека е свесна на заканите, но кажа дека натпреварите во Мадрид, Париз и Лондон, ќе бидат одиграни според планираното.

Се појавија повеќе објави на кои стои дека на 9. и 10. април, односно денеска и утре, ќе бидат бидат извршени напади на стадионите каде што ќе се играат мечевите.

Денеска се играат мечевите Реал Мадрид – Манчестер Сити и Арсенал – Баерн Минхен, додека утре на програмата се дуелите помеѓу Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и ПСЖ – Барселона.