Закани од навивачите на Левски кон Шкупи: Не доаѓајте во Софија, тука нема да си поминете убаво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Навивачкиот клуб на Левски Софија (НКП) ги предупредија фановите на Шкупи да не патуваат на возвратниот дуел кој двете екипи треба да го одиграат во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Во кратка објава на социјалните мрежи стои дека навивачите од Македонија „нема да си поминат убаво во Софија“ и предупредуваат да не патуваат во главниот град на Бугарија. 

Понатаму тие уште пожестоко се обраќаат до навивачите на Шкупи и велат дека очекуваат кај нив да надвладее разумот.