Закажана седница на Главниот штаб за управување со кризи на која ќе се носи акциски план за справување со пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска закажа седница на Главниот штаб за управување со кризи, на кој ќе се донесе Акциски план за справувањето со зголемениот број на пожари.

Веднаш потоа е предвидено да се одржи прес-конференција.

„Откако утрово Владата, поради пожарите кои ја зафатија РС Македонија, прогласи кризна состојба на територијата на државата во траење од 30 дена, за денес во 13.00 часот закажав седница на Главниот штаб за управување со кризи. На седницата треба да донесеме Акциски план за справување со зголемениот број на пожари.Веднаш потоа пред седиштето на ЦУК ќе одржиме прес конференција.Во моментов заедно со директорите на БЈБ Сашо Тасевски и на ДЗС Беким Максути како и армискиот генерал Орце Јордев со полициски хеликоптер вршиме извидување над подрачјата зафатени со поголеми пожари заради непосредно запознавање со состојбата, подобра координација и носење одлуки во однос на приоритет за употреба на 5-те хеликоптери.“, напиша Ангелов на „Фејсбук“.