„Закон против мафијата“ – Николовски: Не може да возите кола од 50.000 евра, да имате 5 станови и никој ништо да не ви може

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Деновиве мошне актуелна е предлог нацрт верзијата за законот за потекло на имотот, а по тој повод во 10 минути на тв21 гостуваше вицепремиерот Љупчо Николовски. Потребата од овој закон е наметната од поранешни, актуални функционери, луѓе од бизнис секторот, а за истиот не се разговарало од 1974 година.

„Тоа што никој не успеал да направи, еве ние најрастеретени, без никакви дамки, без никакви дилеми, влеговме и после 30 години ми е чест што јас и мојот кабинет сме дел од токму оваа најкрупна реформа“, истакна Љупчо Николовски.

Овој закон ќе важи за сите што имаат пари во вредност од  над 30 000 евра и немаат доказ за нивно потекло. Тоа би ги демотивирало граѓаните на нивно име да се впишува имот на функционери. Обвинителите посочуваат дека бараат итна граѓанска постапка за да се конфискува бесправно стекнатиот имот, бидејќи кривичните не се  ефективни нема конфискација.

„Не може да возите кола од 50 000 евра, не може да имате 5 станови, не може да имате повеќе викендици и никој ништо да не ви може“, порача Љупчо Николовски.

Целта е да се оневозможи било кој да се богати на грбот на граѓаните, со брзи и ефикасни постапки. Ниуколовски вели дека до крајот на вгуст било требало овој предлог закон да го има јавноста на увид. „Законот против мафијата“ е поддржан и од ЕУ и од 10 тина земји каде се спроведува.