Законот изгласан во Собрание, еве кои граѓани добиваат по 6.000 денари финансиска поддршка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари беше изгласан во Собранието на денешната пленарна седница.

Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.

Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.