Занзибар воведе забрана за голотија на јавните места, казни до 2 000 долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На остворот Занзибар, на сила стапи забраната за шетање на голи на јавните места, а властите велат дека за тоа ќе бидат предупредени и туроператорите и водичите кои поради тоа би можеле да бидат казнети.

Министерката за туризам на земјата, Лела Мухамед Муса, рече дека неодамните инциденти со голотијата на јавни места, придонесе да се донесат мерки, со кои ќе се изрекуваат и парични казни до 2 000 долари, но на водичите и на операторите.

„Денеска на јавните места во Занзибар поголем број на туристи се видени голи“, рече Муса.

Министерката рече дека туристите ќе бидат изземени од оваа казна, затоа што одговорноста ќе биде на водичот на патувањето и операторите кои ќе треба да го осигурат почитувањето на оваа мерка на туристите.