Запален автомобилот на Драган Митковски, носител на листа од партијата Нова Алтернатива на Данела Арсовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во населбата Ѓорче Петров, синоќа бил запален автомобилот на Драган Митковски, соработник на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски беше носител на листа на последните парламентарни избори од партијата Нова Алтернатива.

„„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

САКАМДАКАЖАМ повикувајќи се од партиски извори, пренесува дека Арсовска и Митковкси по изборите ги заладиле односите, а кавгата се однесувала за серијата на разрешувања на директори на три јавни претпријатија. Арсовска ги смени директорите на ЈП Водовод и канализација, Градски паркинг и Комунална хигиена.