Од Град Скопје на својот Фејсбук профил објавија дека непознати сторители вчеравечер запалиле два контејнери од 3,2 кубни метри, поставени на улицата Франклин Рузвелт пред крстосницата со булевар Илинден, со што е предизвикана голема материјална штета.

„Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните објекти и возила. Локацијата е веднаш исчистена и поставени се нови контејнери.Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена“, додаваат од таму.
