Запленет амфетамин и марихуана, приведени двајца дилери во скопски Карпош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата по претходно добиени оперативни сознанија, на ул. „Никола Тесла“ во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага.

Од МВР информираа дека двајцата се лишени од слобода, а потоа е извршен претрес во дом на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага.

Во текот на утрешниот ден, најавија, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.