Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од с.Бигла.