Започна 5-от ден од второто судење за импичмент на Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сенатот свика петти ден од судењето за импичмент на поранешниот претседател Трамп.

Прво ќе се гласа за тоа дали да се повикаат или не сведоци.

Лице запознаено со правната стратегија на тимот на Трамп утрово за Си-Ен-Ен изјавило дека ако демократите бараат сведоци, правниот тим на Трамп ќе се обиде да ги повика спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и градоначалникот на ДЦ, Муриел Баусер.

За свикување на сведоци им се потребни 51 глас, па веројатно тоа никогаш нема да се случи, додало лицето

Конечното гласање за осуда или ослободителна пресуда на поранешниот претседател Трамп се очекува да се случи попладнево.