Вработени во Министерството за внатрешни работи и АРМ, медицински лица новинари и вработени во медиуми, во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, воспитувачки во градинките и вработените се вакцинираат денеска во салата “А1 арена Борис Трајковски” како дел од масовната вакцинација против Ковид 19, од 8 часот изутринава до 20 часот.
Вакцинација се врши со вакцината „Спутник“ што земјава ја доби како донација од 20.000 дози од Србија на 48 пункови. За почеток во просек се планира да се вакцинираат по 4.000 луѓе на ден, а понатаму и 7.000 граѓани на ден. По паузата викендов, денеска во здравствените домови продолжува вакцинацијата на лицата над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“. Досега се вакцинира околу 3.000 лица постари од 77 години и 7.000 здравствени работници.
„Вклучена сум во масовната вакцинација денеска се помина во одличен ред, немавме никакви проблеми, имавме голема заинетерсираност за вакцинирање, се надевам и во наредните денови ќе биде исто така. Како здравствен работник им препорачувам на сите граѓани да си се вакцинираат да го победиме ова зло што не снајде“, истакна Сабиха Старова.
