Започна новогодишното украсување на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На плоштадот Македонија во центарот на Скопје започна поставувањето на новогодишната елка.

Таа, како и во минатата година, ќе биде дигитална, односно наместо светилки во една боја, ќе се менуваат различни нијанси и бои.

Претходно, градоначалникот Петре Шилегов истакна дека планот е до 5 декември Плоштадот Македонија, главните улици и булевари на градот да светнат со новогодишни украси и светилки.

Годинава нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту пак ќе има прослава за дочек на Нова година.