Од денеска и официјално започна зимската туристичка сезона на Попова Шапка. Љубителите на зимските спортови ќе ги имаат на располагање сите ски лифтови и можноста за ноќно скијање на осветлените патеки Тетекс и Аеродром.
„Поминавме многу месеци, сработивме многу, се потрудивме максимално да создадеме елементарни услови за сите скијачи за да имаме успешна сезона, да имаме успешен туризам и да понудиме максимални услови за сите скијачи. Попова Шапка веќе е конкурент не само во Северна Македонија туку во целиот регион“, истакна Адем Авзиу.
Новина оваа сезона е и пуштањето во употреба на националниот парк, чиј директор, Ибрахим Дехари го оцени како големо постигнување.
„Ова е многу важен настан за сите, особено за жителите од овој реон. Овој голем проект е реализиран по јавна дебата и со придонес на експерти од областа како и во соработка со нашата влада, Министерството за животна средина, институциите како универзитетите, разни планински, ловечки друштва итн..“, вели Ибрахим Дехари.
Освен денеска, и утре ски лифтовите ќе биде бесплатни за сите посетители.
