Заразен со корона избегал од ковид центарот во Скопје – се шетал, па го вратиле со полиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бил позитивен на коронавирус, но избегал од Ковид центарот во Скопје, па полицијата повторно го вратила.

Вистинска драма синоќа се случувало во Градската општа болница 8-ми септември во Скопје.

Оваа информација се појави на социјалната мрежа Твитер, а за ТВ21 ја потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата, велат од МВР.

Директорот на болницата Кристијан Костов остана недостапен за јавноста по овој случај.