Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска, најновото потврдено лице кое е заразено со коронавирус, викендов држела предавање во ресторан во Скопје.
Директорката, претходно, престојувала во ризичен дел на северна Италија, а откако се вратила не се пријавила и доаѓала цела недела на работа.
Во моментов се проценува за тоа со колку лица имала контакт во изминативе денови.
Низ светот денеска заразени лица има 111.540, починати се 3.884, а излекувани се 62.680
