Епидемиолошката состојба во градинките е стабилна и ширењето на Ковид-19 во нив не е констатирано, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Таа рече дека според последните податоци што ги имаат, во целата држава позитивни на корона вирусот се 9 деца и 13 воспитувачи и вработени.
