Во притвор во Утрехт, Холандија, се наоѓа еден папагал кој бил дел од грабеж, односно очевидец на грабеж кој го сторил неговиот сопственик.
Како што соопштиле од тамошната полиција, минатиот четврток привеле маж после грабеж во една продавница. Во текот на апсењето на мажот на рамото стоел папагалот, па птицата заедно со сопственикот ја однеле во полициска станица.
На осомничениот брзо му е одреден притвор, а како полицајците немале кафез за чување, а не знаеле кому да му го дадат на чување, го сместиле папагалот во една затворска келија.
Фотографии од „уапсениот“ папагал после тоа го ставиле на својот Инстаграм и објаснување како пагалот дошол до нив.
