Засилени контроли, МВР на терен – се чуваат 1.000 лица со наредби за самоизолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на Владава и соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за изолација. Чулев апелираше дека по прогласената состојба Одделот за специјални полициски информации презема мерки и се ангажирани на цело подрачје.

Тој додаде дека секој кој ќе сака да излезе од држава ќе треба да потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати назад.

Исклучок од ова ќе бидат возачите на товарни моторни возила и они кои излегуваат поради здравствени причини. Министерот за внатрешни работи меѓу другото, кажа и дека се засилуваат контролите во Шуто Оризари, каде што според информациите има лица вратени од Италија, но досега нема ниту една пријава.

„На телефонскиот број 0800 00 201 и на објавениот мејл за 2 дена евидентирани се 59 мајлови и 402 телефонски повици. Се однесуваат на регулирање на товарни возила, за извлекување на државјани заглавени во некоја од странските земји. Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири. На 19 март, СВР Скопје врши контрола на 230 лица за здравствен надзор, и 1.000 лица со наредби за самоизолација. Контролирани се 530 објекти од кои 140 само денес“, истакна Чулев.