Затворен маркет „Лидл“ во Србија, биле затекнати 280 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маркетот „Лидл“ во Станово е затворен утринава од страна на инспекциските органи поради кршење на мерките за заштита од коронавирусот, односно поради огромните гужви кои биле затекнатаи во тој објект, пренесува Б92.

Објектот бил затворен на 72 часа.

Во објектот се наоѓале дури 280 лица во еден момент, со што не била почитувана дистанца, немало средство за дезинфекција, а ковид редарите не ја одработувале својата работа.

Инаку секој четврток во маркетите „Лидл“ ширум Србија има акции, поради што го посетуваат голем број на лица.